Канада демантира дека имаат договорен датум

Организаторите на Големата награда на Канада демантираа дека патеката во Монтреал има договорен датум во Октомври за одржување на Гранд При трката.

Во моментов официјални се само првите осум трки од календарот кои ќе се возат во Европа, а челниците на тркачката серија најавија дека до почетокот на првата трка ќе го објават целосниот календар. Можно е да се извози уште некоја трка на европско тло пред да се мине во Америка и Средниот Исток за крајот на сезоната.

На почетокот на оваа недела канадски весник тврдеше дека Автодромот Жил Вилнев ќе одржу трка за време на викендот 9-11 Октомври, но официјалните лица од патеката го демантираат тоа.

SoyMotor.com пишува дека официјални лица ги демантираат информациите околу датумот за трката и дека тие не знаат дали и кога ќе станат дел од “корона календарот“, иако искрено се надеваат дека трка ќе организираат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ