Канада испаѓа, Турција повторно домаќин на трка

Формула 1 потврди промена на седмата трка од календарот во 2021 година, а Турција ќе биде замена за Големата награда на Канада за викендот од 11 до 13 Јуни.

Поради постојаните меѓународни ограничувања за патување во Канада, стана невозможно Формула 1 да влезе во земјата без задолжителен карантин од 14 дена, што доведе до промена.

Благодарни сме за напорите на промоторот и властите во Канада, Квебек и Монтреал во изминатите неколку недели да се обидат да ја реализираат трката и со задоволство објавуваме двегодишно продолжување на нашето партнерство со Канадското Гранд При.

Ќе работиме со промотерот за да обезбедиме оние со билети од трките во 2020 и 2021 година да добијат можност за враќање на парите или да ги пренесат своите билети и да се радуваат на трките во Канада во 2022 година – гласи соопштението од Формула 1.

Турција се враќа на календарот по возбудливиот прв настан во Истанбул во последните девет години во Ноември минатата година, во кој Луис Хамилтон беше крунисан за светски шампион по седми пат.

Иако е разочарувачки што не можеме да бидеме во Канада оваа сезона, ние сме возбудени да потврдиме дека Турција ќе биде домаќин на Гран при во 2021 година по неверојатната трка минатата сезона.

Знам дека сите наши навивачи се возбудени од драматичниот почеток на сезоната и Турција е одлична трка која обезбедува одлични битки на патеката.

Сакам да им се заблагодарам на промотерот и властите во Канада за сите нивни напори во последните неколку недели, но ситуацијата со патувањето ги направи нашите планови невозможни. Подеднакво сакам да им се заблагодарам на промотерот и властите во Турција за нивната постојана подготвеност да бидат домаќини на трка во Формула 1 што покажува огромен интерес за нашиот спорт.

Имавме многу добри разговори со сите други промотери од почетокот на годината и ќе продолжиме да работиме тесно со нив во овој период – изјави Стефано Доменикали, прв човек на Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ