Канада не сака дводневен тркачки викенд

Франсоа Думонтие, шефот на Канадското Гранд При, призна дека е против плановите на Формула 1 да се скрати тркачкиот викенд од три на два денови.

Либерти Медиа сакаат да го зголемат календарот до максимални 25 трки во иднина, но тоа мора да се направи со намалување на тестирањето и намалување на траењето на тркачките викенди со цел да се намали притисокот врз вработените во тимовите.

јас бев еден од оние кои децидно одбија такво нешто затоа што за нас петок е многу важен ден – изјави думонтие.

Сепак, барем за сега, постигнат е компромис Четврток да биде изземен од распоредот за тркачкиот викенд од 2021 година.

не ми се допадна нити таа идеја, но по разговорите кои ги имав во остин ме уверија дека тоа е добар потег.

вистина е дека нема повеќе да се бара од возачите да дојдат во четврток, но механичарите сепак ќе треба да работат на болидите и се да е подготвено, така што голема промена нема да има – потенцираше думонтие во својата изјава за Le Journal de Montreal.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ