Канада: По Монако, стјуардите уништија уште една трка

По Големата награда на Монако пред две неделаи ФИА стјуардите уништија уште една трка, а Формула 1 се чини станува спорт на роботи каде треба да победат Мерцедес. Срамна одлука за едно излетување на германецот од Ферари ја чинеше италијанската екипа 5 секунди казна и губење на трката.

Во Монако по машката борба пред боксовите, Макс Верстапен доби 5 секунди по дуелот со Ботас, а во Монтреал Фетел загуби потисна сила од болидот, мина низ тревата и се приклучи на патеката на единствениот начин кој го имаше, а беше казнет за 5 секунди.

Себастијан Фетел поведе од пол позицијата и тоа беше 100та трка на која германецот води. Најслаб старт имаше Валтери Ботас имаше слаб старт и загуби позиција од Нико Хулкенберг, единствената рокада по стартот.

Карлос Саинз влезе по нови гуми, промени од софт на хард уште во 4от круг, но влегувањето беше поради тоа што мехханичарите мораа да отстранат карбонски остатоци од неговиот болид кои го блокираа ладењето на сопирачките.

Првите неколку кругови минаа во знакот на Макс Верстапен и Ландо Норис кои се бореа за 8мо место. Возачот на мекларен не ја даваше својата позиција, но во кругот број 8 прегреаните сопирачки буквално ја стопија неговата суспензија и тој мораше да се откаже.

Кругот број 7 беше моментот кога Пјер Гасли своите софт ги промени на медиум и илезе на 12то место, а круг по него истото го направи и Даниел Рикардо и излезе пред него.

Од водечките, Себастијан Фетел беше прв кој влезе по свежи гуми, промени од медиум на софт, го загуби лидерското место и излезе на 3то. Мерцедес му дадоа знак на Хсамилтон да даде се од себе, но кругот повеќе на патеката го чинеше пласман, бруанецот промени во 28от круг и излезе зад Фетел. Луис загуби цели 3 секунди со двата кругови повеќе на старите медиум.

Кругот број 27 беше моментот кога Антонио Џовинаци се изврте и повторно имаше трка со грешка.

Валтери Ботас промени на хард во 31от круг, аШарл Леклер два круга по него, но излезе на 4то место зад Макс Верстапен, иако го мина холанѓанецот по три кругови со новите хард гуми.

Од 35от круг до 39от круг траеше гладијаторската борба на Даниел Рикардо против моќниот Валтери Ботас. Австралијанецот на Рено не ја предваше својата позиција, но на крајот не можеше да издржи.

Ленс Строл дури 47 кругови возеше со првите хард гуми, влезе во бокс, промени пневматици и излезе на 10то место, во поени на домашната трка.

Следниот круг беше моментот на пресврт. Фетел водеше пред Хамилтон, но пред себе имаше два заостанати болиди кои беа под сино знаме. Се “поремети“ неговата аеродинамика, тој загуби контрола на кусо, пресче по тревата, но според стјуардите небезбедо се приклучи на патеката и по неколку кругови доби казна од пет позиции. Одлука која ќе донесе лавина коментари, одлука која ја избрука ФИА и ја уништи трката.

Последен во бокс влезе Макс Верстапен по мамутски 49 кругови на хард, влезе по софт за последните 20-тина кругови.

Во 51от круг Макс Верстапен најпрво го мина Нико Хулкенберг за 6то место, а веќе следниот круг го миан и другото Рено, возено од Даниел рикардо и беше 5ти.

Во круго број 63 се случи и второто откажување од трката откако Александер Албон се паркираше директно во гаражата.

Два круга пред крајот на правецот пред стартната рамнина, Карлос Саинз загуби позиција од Ленс Строл и го загуби своето 9то место, а неколку моменти подоцна шпанецот го загуби и поенот од Даниил Квјат.

Официјалнито поредокт е Хамилтон, Фетел и Леклер во топ 3, а по нив Валтери Ботас и Макс Верстапен. Рено фантастични како најдобри од останатите на 6то и 7мо место пред Пјер Гасли од Ред Бул. Два поени за Ленс Строл на домашната трка и поен за русинот Квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ