Канада: Прва 1-2 за Мерцедес годинава

Луис Хамилтон ја забележа својата трета едноподруго победа за Мерцедес во Канада, негова вкупно 6та во кариерата во Монтреал, но имаше и Гренд Слем од победа, пол позиција и најбрз круг на трката. За црномурестиот британец ова е 56та победа во кариерата и 109ти подиум, додека неговиот колега Валтери Ботас стигна до својот 13ти подиум во кариетата. Историски гледано ова е 68ма победа за Мерцедес, а 37ма во доминантен 1-2 стил. Последното место на пиедесталот за својот 21ви подиум во кариерата, а 139ти за Ред Бул стигна Даниел Рикардо.

Борејќи се цела трка по раното влегување во бокс поради скршено прдно крило, до 4то место стигна Себастијан Ветел откако последните 2 кругови ги мина двата болиди на Форс Индија кои повторно стигнаа во двојни поени. Кими Раиконен стигна на 7мо место, пред Нико Хулкенберг кој со своето Рено повторно имаше одличен резултат. Изненадувањето на денот е Ленс Строл кој стигна до своите први 2 поени со 9то место, а поен добива и Роман Гросжан на Хаас.

Прва 1-2 победа на Мерцедес оваа сезона и прв пат Себастијан Ветел се наоѓа надвор од подиум.

Проблеми се појавија уште во загревачкиот круг кога Даниил Квјат некое време остана закопан во место. Поради тоа, рускиот возач на Торо Росо беше казнет со минување низ боксот подоцна во трката.

Стартот беше многу интересен, Луис тргна моќно и си ја задржа својата позиција, а истото го направи и Валтери Ботас. Но, како и секогаш Макс Верстапен се катапултираше од позадина и од 5то стигна до 2ро место превземајќи ја позицијата на Себастијан Ветел кој падна на 4то место, 5ти беше Рикардо, а зад него Раиконен. Во неговата како и секогаш агресивна битка, Верстапен успеа да му го сркши предното крило на Ветел пресекувајќи пред него на првата кривина по стартот.

Но, помеѓу вториот и третиот свиок имаше драма. Карлос Саинз немаше поима дека Роман Гросжан се вози до него и како да нема никој сврти во десно на правецот. Го закачи носот на французинот на Хаас и се вртеше по патеката собирајќи го со себе и Фелипе Маса, ни крив ни должен. Ова беше крај на трката за Торо Росо-то и Вилијамсот на бразилецот, а Гросжан мораше по нов нос во гаража. Инцидентот остана да биде истражен по трката, асударот го изнесе на патеката безбедносното возило кое остана таму 4 кругови.

На рестартот од трката како по обичај заспа Кими Раиконен и го загуби своето 6то место од Серхио Перез.

Само круг по рестартот во бокс влезе Ветел по ново предно крило откако на првото му “се потпиша“ Макс Верстапен. Промени од ултрасофт на суперсофт и излезе на патеката на последно место, се возеше како 18ти во тие моменти.

Во кругот број 10 заврши и кривецот на Ветел, Макс Верстапен кој повторно по се изгледа имаше проблем со менувачот и го паркираше болидот помеѓу вториот и третиот свиок носејќи Виртуелно безбедносно возило на патеката во следните 4 кругови.

По повторниот рестарт се водеше жестока битка за подени помеѓу Кевин Магнусен на Хаас, Ленс Строл на Вилијамс и Нико Хулкенберг на Рено.

Круго број 18 серијата регуларни влегувања во боксот ја отвори Кими Раиконен кој промени на суперсофт и падна од 4то на 7мо место, а веќе следниот круг неговата стратегија ја покри рикардо, но тој излезе на жолтиот софт.

Во 19от круг Себастијан Ветел веќе се возеше на 10то место, а круг подоцна Фернандо Алонсо својот Мекларен го имаше позиционирано на 4то место. За секоја пофалба.

Ферари напредуваше низ поредокот, во 21от круг Себ го мина Строл за 9то место, следниот круг Кими го мина алонсо за 6то, а во 28от круг Ветел помина исто така крај Алонсо позиционриајќи се на 7мо место.

Валтери Ботас во 24от круг се одлучи за промена на гуми и доби жолта софт компонента, која преку тимското радио му беше посочена и на Хамилтон како компонента која ќе ја вози следната серија, но Хам влезе во пит 7 кругови подоцна и доби црвен суперсофт. Во ист круг со Хамилтон гуми промени и Естенан Окон кој беше на 2ро место и го држеше зад себе валтери Ботас 10т-ина кругови. По боксот французинот од Форс Индија падна на 6то место зад својот клубски колега.

Кругот број 38 беше моментот кога Скудерија Ферари преку Твитер известија дека Себастијан Ветел има проблеми со подот на својот болид, иако тој имаше добар ритам.

Во 42от круг Раиконен по втор пат влезе во бокс и излезе на ултрасофт веднајш почнувајќи да везе најбрзи кругови. Следниот 43ти круг Фернандо Алонсо за прв пат влезе по свежа гума. Кругот број 50 беше моментот кога Ветел доби нови ултрасофт откако 45 кругови возеше со истиот сет црвен суперсофт. Во тие моменти Скудерија беа на 6то и 7мо место, Кими пред Себ.

57от круг значеше крај за русинот Квјат откако прво влезе во бокс по промена на гуми, механичарите ја утнаа работата, а потоа се покажа дека има проблем и со моторот во болидот.

Последните 10 кругови Рикардо, Перез и Окон беа од 3то до 6то место, а Фераи од позадина возеа по 2 секунди по круг побрзи поддржани од своите свежи ултрасофт пневматици. Раиконен имаше огромни проблеми со сопирачките на 9 кругови пред крајот и го утна последниот свиок што му дозволи на Ветел да мине. Неколку кругови финецот се мачеше со кочниците пред да го најде вистинскиот мод и да го спаси своето 7мо место кое лесно можеше да биде загрозено од Нико Хулкенберг.

Драмата почна во кругот број 66 кога Естебан Окон на последната кривина направи маневар врз Серхио Перез и за момент го превзема неговото 4то место. Ветел веќе се имаше залепено за нив, го искористи нивниот дуел и од внатрешниот дел влезе паралелно со двата болиди на Форс Индија на првиот свиок.

Перез беше на средина од патеката и безбедно мина, а Ветел се бореше со Окон при што французинот мораше да излезе на делот надвор од патеката. Тоа значеше 5то место за германецот од Ферари во 67от круг.

Последниот круг Себастијан имаше дуел и со Серхио Перез за 4то место и го мина мексиканскиот возач, но Даниел Рикардо до тогаш имаше направено предност од околу 2 секунди и беше недостижен.

Последниот круг се откажа и Фернандо Алонсо откаако загуби моч во моторот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ