Канада пред откажување, Турција прва замена

Годинешново Канадско Гранд При е се поблиску до откажување и покрај тоа што шефовите на Формула 1 инсистираат дека сеуште преговараат со организаторите и промотерите.

Настанот треба да се случи од 11 до 13 Јуни според календарот, веднаш по Азербејџанското Гранд При како дел од две врзани далечни трки, но веќе некое време трката е под знак прашалник.

Турција, која организираше трка минатата година, земја лоцирана многу блиску до Азербејџан, е најсериозен кандидат да го пополни местото кое евентуално Монтреал би го испразнило.

Вчера Радио Канада објави дека трката е откажана поради загриженост за јавното здравје и не беа спомнати никакви проблеми во однос на мешање на Формула 1 посетителите со локалците. Проблеми има и на финансиската страна затоа што трка без публика ќе значи голема дупка во финансиите која се очакува да ја покриеа власта.

продолжуваме да разговараме со промотерите во канада и дополнителен коментар немам – вели портпарол од формула 1.

радио канада мисли на документот кој е препорака за јавното здравје. ние како организација имаме таков документ од официјални лица задолжени за јавното здравје и додека не добиеме официјална потврда не би коментирале ништо повеќе – изјави портпарол на организаторите.

Рестрикциите во земјата во однос на пандемијата се однесуваат на карантин за луѓе кои доаѓаат. Поради тоа што патеката не е наменски изграден автодром, постои работа од неколку недели за да се подготви за настанот, така што одлука мора многу скоро да биде донесена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ