Канал 4 ќе има пренос од Силверстон

Трката во Британија ќе се пренесува на Канал 4 откако претставниците од телевизијата склучија договор со Скај кој гарантира бесплатно гледање во Британија.

Канал 4 престана со пренесување од Формула 1 оваа година откако Скај ги доби ексклузивните права за шампионатот со договор која ја гарантира таа ексклузивност до 2024 година.

Но, Скај му одобри на Канал 4 да го пренесува Британското Гранд При во живо, а од другит етрки да ги емитува најинтересните моменти.

Сега е најавен поголем договор помеѓу двете компаниии за пренос на трката во Британија. Договорот е осигуран до 2021 година иако не се знае што значи повеќегодишната клаузула. Со новиот договор двете компаниии ќе ги делат рекламите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ