Капито донесе уште еден свој колега за Спортски директор во Вилијамс

Вилијамс, предводени од Главниот извршен директор, Јост Капито, не престануваат да вработуваат поранешни луѓе од Фолксваген моторспорт, каде Капито беше шеф на рели програмата, овој пак во Гроув ќе дојде Свен Сметс на местото спортски директор.

Претходно Сметс беше тимски менаџер на програмата на Фолксваген во ВРЦ, а шеф му беше секако, Капито. Откако Капито замина по три титули во рели во 2016 година и се приклучи на Мекларен, Сметс беше човекот кој го наследи и работеше следните четири години за Фолксваген.

Капито беше само Главен извршен директор на Вилијамс на почетокот на годинава, но по заминувањето на Сајмон Роберс кој ја имаше улогата шеф на тимот, Јос ја превзема и таа улога и идентификуваше потреба од реструктуирање на екипата и носење на нови луѓе.

Сметс уште минатиот месец почнал да работи во Вилијамс, а Катарското Гранд При на Лосаил му била првата трка која ја посетил, иако екипата официјално дури сега го потврди неговото вработување. Тоа е втор човек кој доаѓа од Фолксваген откако во Март пристигна Франсоа Хавиер Демаисон и ја превзема улогата на технички директор.

Сметс ќе биде одговорен за спортско раководење и претставување на тимот во сите делови каде спортскиот правилник има удел како на пример пред ФИА или состаноците поееѓу еипите. Тој ќе биде одговорен и за тркачката екипа и Академијата за млади возачи каде во моментов се Џек Аиткен, Рој Нисани и Џејми Чадвик.

работење со капито и демаисон и врвниот менаџмент на вилијамс со свен добиваме оптималн култура, ресурси и правилна околина за тркачкиот тим да успее – напишаа од вилијамс.

Во Јуни Капито откри дека идентификувал голем број на персонал во моторспорт индустријата кој е расположен да работи за Вилијамс и да му помогне на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ