Капито: Млад возач може да го замени Хамилтон

Тимскиот шеф и Главен извршен дирктор на Вилијамс, Јост Капито, смета дека нема да биде трагедија ако Луис Хамилтон одлучи да замине од Формула 1 во пресрет на оваа сезона.

Најголем дел од оние вклучени во спортот очекуваат седумкртниот првак да се огледи преку медиумите и да потврди дека ќе се трка и сезонава и ретко кој посакува тој да замине.

лично мене не ми е грижа дали ќе вози или не.

сите сме согласни дека за младите возачи нема доволно место во формула 1 и мислам дека ако некој бил дури седум прати шампион, напавил доволно и може да остаи простор за некој помлад, зошто да не ? – изјави капито а ртл.

Германецот смета дека повлекувањето на Хамилтон најлошо влијание ќе има над неговиот нов колега, малдиот Џорџ Расел кој три години возеше токму за него во Вилијамс.

што се однесува до мене, тоа ќе биде лошо за џорџ затоа што нема да има можност да покаже дека може да го победи луис.

џорџ повеќе не е небрусен дијамент, туку е готов производ. има огромен потенцијал кој ќе го покаже, а ќе продолжи да е развива и да се подобрува во новата екипа.

Доколку сепак добие можност да ја дели гаражата со Хамилтон, Капито смета дека Расел е доволно цврст и силен да не потклекне под притисокот.

тој е долги години возач на мерцедес, одличен е во симулаторот и веќе некое време вози во нивниот, така што влез во болидот нема да биде ништо особено ново за него.

сигурен сум дека и луис е сигурн оти барем на почетокот ќе може да го победува расел, така што во мерцедес ќе биде многу возбудливо.

Исто така, Јост Капито потврди дека целосно различниот карактер кој Расел го има споредено со Макс Верстапен нема да му попречи во неговиот напад и борба со холанѓанецот.

тој е целосно различен карактери, но во формула 1 брзината не се мери по карактерот. сигурен сум дека ќе се бори со макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ