Картинг возачот кој фрли браник доби забрана за тркање од 15 години

Картинг возачот кој се најде на насловните страници минатата година затоа што го фрли браникот од неговиот картинг кон ривал на патеката пред да има тепачка во Парк Ферме, од ФИА доби 15-годишна забрана за трки.

Со однесување што би било безобразно дури и за локална патека на картинг, Лука Корбери не само што ги игнорираше стјуардите да му се приближат на неговиот ривал, туку отиде уште подалеку и го фрли браникот кон него!

Ова е видео клипот од случката.

Видеото стана тренд на социјалните мрежи минатата година, со потврда дека ќе се спроведе истрага. Денес на Лука Корбери, му беше изречена 15-годишна забрана за трки по неговите постапки на минатогодишниот настан на светскиот шампионат на ФИА во КЗ Картинг.

Во изјавата дадена од ФИА, тие потврдија дека на Корбери ќе му биде одземено правото да учествува, директно или индиректно и во кое било својство, во кој било натпревар организиран или регулиран од ФИА и секое подготвително тестирање и обука организирана или регулирана од ФИА или организирана од нивните членови или носители на лиценца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ