Картинг патеката на Шумахер спасена од демолирање

Картинг комплексот Ерфтландринг во Керпен каде Михаел Шумахер почна да ги развива своите возачки способности е спасена од демолирање благодарејќи на локален закон за екологија кој беше изгласан минатата недела.

Познатата картинг патека, лоцирана во близина на Келн и која се отвори во 1980 година, е локација на повеќе национални и меѓународни настани. Од Аиртон Сена, до Мика Хакинен или Себастијан Фетел, на патеката имаат возено повеќе шампиони.

Но патеката во Керпен е особено позната бидејќи е дом на семејството Шумахер, каде Михаел и Ралф ја запознаа својата страст. Михаел стана и ко-сопственик на картинг бизнисот. Сепак, пред две години, локацијата, заедно со шумахта Хамбакер во близина беше подготвена за демолирање кога германската компанија за енергија, РВЕ, доби дозвола да ги прошири своите активности во потрага по јаглен.

Благодарејќи на напорите на локалните еколози, се воведе рестрикција за извлекување на јаглен, што значи дека шумата и околината на која се наоѓа картинг патеката, се зачувани за постојано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ