Каталонија воведува нови мерки, но нема да важат за Шпанското ГП

Големата награда на Шпанија ќе се одржи согласно планот на 16 Август и покрај тоа што Каталонија воведува нови мерки по засиленото појавување на заразени од Ковид-19.

Шпанското Гранд При треба да се одржи следниот месец по двете трки на Силверстон и да ги формира вториот сет од три последователни трки оваа тркачка сезона. Но, загриженоста во последно време се големува поради нов бран корона вирус во Каталонија.

Минатата недела од жителите на Барселона беше побарано да останат дома 15 денови, беа забранети собири на повеќе од 10 луѓе, а сите културни активности и регионални спортски настани исто така беа суспендирани. По овие забрани, под знак прашалник се најде и Формула 1 трката така што се појавија шпекулации дека Силверстон може да организира и три трки по ред.

Но, motorsport.com пренесува дека во моментов нема никакви закани по Формула 1 трката и никакви планови за откажување на истата. Патеката се наоѓа во Монтмело што е надвор од Барселона што значи дека нема да се има контакт со престолнината.

се е веќе испланирано и работиме согласно планот. мерките немаат влијание врз нас затоа што се е контролирано и потврдено со формула 1, фиа и протоколите се строги и подготвени – вели портпаролот на патеката.

Некои екипи ќе треба да ги променат планот за престој затоа што дел од хотелите кои се наоѓаат во Барселона може да бидат затворени. 

Формула 1 воведе строги протоколи кои за сега без проблем и многу безбедно функционираат, а тестирањата се одвиваат на секои неколку денови за сите приутни на патеката. До сега беа најдени само два позитивни случаи во Унгарија и тоа од над 10.000 направени тестови и позитивните беа заменети со друг персонал по што ризик за ширење не постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ