Катарците ги открија реновирањата на Лосаил

Организаторите на Катарското Гранд При објавија слики како потврда за темелното реновирање на автодромот Лосаил.

Тие станаа дел од тркачката серија во пандемиската 2021 година, а потоа обезбедија 10-годишен договор со Формула 1, но поради светското фудбалско првенство, лани не организираа трка, а ќе почнат од оваа. Настанот ќе остане на Лосаил автодромот кој беше домаќин и пред две години, а организира МотоГП трки од 2004 година.

Карактеристиките на паетката ќе останат исти, но инфраструктурата околу патеката е темелно подобрена со целосно нови гаражи, нов падок и медицински центар, нови објекти за контролата на трка, медиумски центар и проширени зони за фановите. Патеката сега има капацитет од 52 илјади гледачи со паркинг места, пристапни патишта и тунели за полесен влез.

првата трка ја одржавме во 2021 година, но таа не беше дел од 10-годишниот договор и беше на некој начин мек поечеток, но од тогаш многу сме напреднале. на големо ја трансфеормираме патеката, а целта зад тоа е да донесеме неверојатно искуство за фановите, возачите и гледачите.

самата патека не е променета затоа што добивме одлични повратни информации од возачите по трката во 2021 година и сакавме да ја задржиме мотогп историјата која ја имаме од последните 20-тина години – изјави амро ал-хамад, главен извршен директор на патеката.

Патеката ќе продолжи со МотоГП и во иднина паралелно со Формула 1 трката, а од следната година ќе има и ендјуранс првенство.

следните 10 години ќе бидеме светско првенство за моторспорт и целиме да најдеме и повеќе можности за во иднина. формула 1 во катар ќе биде присутна следните 10 години, период за кој сакаме да ја зголемим одржливоста и сакаме нашите студенти да бидат дел од оваа визија. очекуваме инженери од катар да почне да работат во формула 1.

Годинешниот Гранд При викенд во Катар ќе биде организиран во првиот викенд од Октомври.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ