Катар, Т3: Дуото на Мерцедес пред Верстапен

Последниот тренинг за Големата Награда на Катар пред денешните квалификации започна со црвено знаме и прекин поради откажувањето на Мазепин веднаш по излезот од боксот, но најбрз во истата откако продолжи беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Ботас го постави најбрзиот круг со време од 1:22.310, следен од неговиот тимски колега Луис Хамилтон кој заостана 0.078, додека на третото место се пласираше Макс Верстапен од Ред Бул со 0.341 секунди заостанување.

Сесијата помина без особени возбудувања како што е и очекувано пред кавлификациите закажани за 15 часот по македонско време.

Пјер Гасли продолжи со одлична форма и се пласираше на 4то место, следен од Серхио Перез на петтата позиција.

Карлос Саинз беше најбрз за Ферари на шесто место, следен од Алонсо, Окон, Леклер и Јуки Тсунода кој го комплетираше топ 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ