Квалификациски трки во Франција, Белгија и Русија догодина ?

Со менувањето на спортските правила од страна на ФИА се отвора можноста за квалификациски трки со обратен грид во Сабота уште од следната година, но само доколку сите тимови се сложат. За 2021 година нема да биде потребно едногласност за да се напррави ова.

Наредната година можно е да се одржат три квалификациски трки во Сабота за да се види успешноста на истите. Според првичните информации тоа ќе бидат 10та, 14та и 17та трка според календарот во сезоната.

Тоа значи дека на првите 9 трки ќе се одреди поредокот за Пол Рикар каде водечкиот ќе стартува последен на трката во Сабота. Потоа истото ќе се случува и во Русија што може да биде решавачка трка за титулата.

Трките ќе се одржуваат во истото време како саботните квалификации. Возачите ќе имаат слободен избор на гуми и нема да има потреба да се искористат две компоненти од гумите. Главен проблем за тимовите е евентуална штета на болидите што би ги чинела доста.

Организаторите сеуште немаат потврдено дека ова ќе се случува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ