Квартараро победник, дуели до самиот крај во Доха

Уште една трка која ја докажа возбудливоста на Мото ГП првенството со друи 8 моторцикли во директни борби и блиски дуели до самиот крај, на која Фабио Квартараро ги спречи пребрзите Дукати да стигнат до победа.

По Големата Награда на Катар минатиот викенд, овој викенд повторно се возеше на истата патека, но сега за ГП на Доха. Дебитантот во Мото ГП, Хорхе Мартин по невидениот старт од минатиот викенд, овој пат исчезна по стартот по сите останати, додека евидентно Маверик Вињалес падна надолу по редоследот којшто старт на останатите “го уби во поим“.

Во ниту еден момент немаше голема разлика помеѓу најбрзите седум, осум возачи кои беа веднаш едни до други. Брзината на Дукати на правците ги задржа Прамак на челните позиции, додека останате успеаја да се држат до нив во другиот дел од патеката.

Хорхе Мартин иако поведе и беше во предност, беше претекнат од 21 годишниот Фабио Квартаро кој успеа да создаде доволна предност и да ја избегне предноста на Дукати на правците, додека Мартин остана да се бори со својот тимски колега, но сепак имаше доволно во себе да заврши на подиум. Жоан Зарко беше подобар од Хорхе Мартин и се пласираше на второто место.

Адутот на Јамаха, Вињалес, имаше одлична битка и успеа да надомести неколку позиции, но во неколку свиоци постојано правеше грешки со прекасно сопирање и не успеа да го зграбчи самиот врв.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ