Квјат во облаци: Кога не грешиме сум најдобар, можам да летам

Даниил Квјат ја пофали одличните перформанси на АлфаТаури и добриот ритам на болидот на домашниот настан во Русија, велејќи дека не можеле да одработат подобро.

Русинот стартуваше од 11то место на гридот на најтврдата компонента и промени дури во 30от круг од предвидените 53 откако се возеше на 3то место. Трката ја заврши на 8мо место бркајќи го Естебан Окон до последен момент приближувајќи му се на само седум десетинки.

Пласманот на Големата награда на Русија беше трети последователен пласман во поени за Квјат откако заврши на 9то место во Монца и две позиции погоре на Муџело.

фантастично е, така што мојата домашна трка не можеше да биде подобра. ми се допадна стратегијата, сакав да бидам силен и верував дека можеме одлично да одработиме што се покажа како вистина.

кога го видов луис хамилтон зад мене и успеав да го задржам неколку кругови, сфатив дека имаме одличен ритам. се беше совршено и штета што на крајот не успеав да го принудам окон да погреши за да му ја превземам позицијата. бевме побрзи од него, но не можам да се пожалам.

знам дека ако се одработиме како што треба во недела, јас сум најдобар и буквално летам. ова беше таков ден, ништо не погрешивме од сетирањето до стратегијата, имав чист воздух и одлична трка – вели квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ