Квјат: Гасли е чист пример за кам-бек

Пјер Гасли смета дека неговиот колега на Алфа Таури, Даниил Квјат е чист пример за враќање на формата и кам-бек во спортот откако кон крајот на 2017 година беше отпуштен од Ред Бул, а 2018 година ја мина како возач за во симулаторот на Ферари. Во пресрет на минатат година доби повторно шанса да вози за Торо Росо.

сите што дојдоа во формула 1 преку овој тим се многу талентирани, но некои немаа толку среќа со тајмингот како јас во ред бул кога не беше најдобро време за мене да бидам дел од таа екипа. не сакам да зборувам за пјер и тоа што му се случи на него, тоа не е во ред, но сега се е во ред.

тој имаше кус престој во ред бул и тој е жив пример дека се е можно дури ако ве замеат во ред бул и одлично е што тој и јас добивме втора шанса – појасни квјат.

Русинот е свесен дека недостатокот на алтернативи придонело тој и неговиот француски колега да си го задржат местото во тимот.

понекога тајмингот ви одговара, понекогаш не. на крајот на денот треба да се биде трпелив и да си ја работите работата, но и да бидете на вистинско место во вистинско време.

не сакам да навлегувам премногу во мојата сегашна ситуација или во моето минато, тоа е тоа. можеше да биде и многу подобро, но и многу полошо и тоа е завршена работа.

секако дека секогаш ќе му бидам благодарен на ред бул, тие беа строги кон мене, но и многу добри во исто време. има многу работи на кој сум им благодрен и се надевам дека нашиот однос ќе продолжи да биде силен.

Дани откри дека 2018 година без тркање му помогнала да се освежи и го направила посилен кога се вратил.

одтогаш се гледам од поинаков агол, можеби надвор од спортот гледате како некој добива шанса и тоа ви дава повеќе љубов и страст за формула 1. таа година станав поконкурентен, а тоа секогаш е добредојдено.

кога имам лош ден се сеќавам на тој период и си велам дека секој ден е добат штом сум во формула 1, така што таа година дефинитивно многу ми помогна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ