Квјат демантира опасност од Ковид-19 во Сочи

Даниил Квјат демантираше било какви проблеми во врска со посетителите и гледачите на Руското Гранд При во Сочи и опасноста од заразување со Ковид-19.

Себастијан Фетел патува во Русија спротивно од насоките на Германската Влада во земјата во која просечно дневно има по 5.000 – 7.000 нови заразени со вирусот. 

Во исто време, автодромот во Сочи ќе биде прво место со голема посетеност откако на Муџело имаше по речиси 3.000 гледачи дневно. Медиумите пренесуваат дека носење маски и социјално дистанцирање се вистинска реткост кај посетителите на петочните тренинг сесии.

ситуацијата е тешка, но јасно е дека треба да им веруваме на локалните власти и организаторите кои со фиа и фом се грижат за безбедноста. надвор од тоа немам што да додадам – изјави себатијан фетел.

Вил Бакстон, познатиот Формула 1 презентер, не е во падокот во Сочи откако неговиот корона тест бил позитивен.

Запрашан за ширење на вирусот и пандемијата во Русија, Даниил Квјат изјави:

ова е десетти тркачки викенд оваа сезона, а безбедносните протоколи се покажаа добро и носат резултати. сигурен сум дека формула 1 и фиа добро анализирале пред да дадат дозвола на оргнизаторите да дозволат гледачи на патеката и сигурен сум дека сите ќе бидат заштитени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ