Квјат за своето ривалство со Даниел Рикардо

Даниил Квјат го опиша своето ривалство со Даниел Рикардо додека двајцата беа дел од Ред Бул.

Русинот дојде во Милтон Кинс во 2015 година по една сезона мината во сестринскиот Торо Росо и таа година заврши пред Рикардо во возачкиот поредок. Откако една година претходно, австралијанецот го победи Себастијан Фетел на поени, се очекуваше да го предводи тимот таа година.

даниел рикардо во тоа време беше огромно изненадување, периодот кој јас дојдов во екипата затоа што го победи фетел претходната сезона и имаше огромни очекувања од него. сите во него гледаа како човекот кој треба да се победи затоа што веројатно е најдобар на гридот поради фактот што го порази четирикратниот првак.

за мене предизвикот беше огромен, но сега е поинаку затоа што тој не е во врвна форма. таа 2015 година беше фантастичен додека бевме колеги во ред бул – објасни квјат.

Нивното партнерство не траеше долго затоа што русинот беше отпуштен на почетокот од 2016 година за да биде промовиран Макс Верстапен. Квјат остана уште неколку години во Формула 1 за да на крајот на 2020 година дефинитивно замине од спортот.

За време на својот престој во врвната моторспорт тркачка серија, тој стигна до три подиуми, од кои два беа како возач на Ред Бул, додека Даниел Рикардо остана со тимот до 2018 година, а потоа мина во Рено па Мекларен.

мој впечаток во тоа време беше тој е главниот, беше многу смешен и многу атрактивен за медиумите, но тоа беше претерано за мене, иако се сложувавме одлично. секако дека имаше ривалитет, на почетокот беше лесно, но потоа тој виде дека и јас сум брз.

потоа почна да седи на патеката во моторхоумот како и јас до доцна во ноќта, заедно со инжнерите на проучување на податоците и сетирање на болидите. јас многу високо го ценам него и мислам дека тие болиди на ред бул многу му одговараа, одлично ги разбираше гумите и беше многу брз. тој е силен ривал и ме тераше да притискам до границата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ