Квјат: Имола ги потенцира слабостите на новите патеки

По возењето на легендарната Имола, Даниил Квјат изјави дека новите Формула 1 патеки се дизајнирани да се премногу совршени.

Имола беше домаќин на Формула 1 трките од 1980 година до 2006 година, а сезонава е во конкуренција за одржување трка во скратената сезона.  АлфаТаури тестираа на Имола како дел од денот за снимање со нивниот болид АТ01, но го донесоа и болидот од 2018 година. со кој минаа неограничен број на километри.

Знаев од претходно дека ова е возбудлива патека за возење. Патеката е навистина добра и доста нерамна со предизвикувачки тротоари. Тротоарите се најчесто слични, но таму треба да се плашиш од нив.

ТОа е добро за Имола и вистинско задоволство е да возиш таму. Беше навистина добро да се возат тие свиоци во Формула 1. Влезот на Аква Минерале е навистина брз и пумпа адреманлин. – објасни дани.

Гасли е презадоволен од изгледот на Имола.

Мислам дека Имола е одлична. За мене е едно од најдобрите искуства во Формула 1 болид. Мислам дека историјата на оваа патека ја прави дополнително специјална. тоа е една од моите омилени патеки, претходно возев во 2013 со Формула Рено, но тоа е побавен болид со помалку потисна сила од Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ