Квјат не бил задоволен со унапредувањето на Албон

Даниил Квјат не бил задоволен со одлуката на Ред Бул на средина од минатата сезона да го унапредат Александер Албон во сениорската екипа од Милтон Кинс. Откако Пјер Гасли беше прерано доведен во екипата и не ги донесе очекуваните резултати, слично на 2016 година, Ред Бул се решија на средина од сезоната да променат возач, го вратија французинот во Фаенца, а од Торо Росо го доведоа Албон.

секако дека не бев среќен и задоволен и не можам да кажам дека кога ми беше соопштено бев среќен, задоволен и се согласив со тоа што беше одлучено. за мене таа одлука некако не беше во ред, но на некој начин и од оваа гледна точка, одлуката има смисла.

јас веќе бев дел од таа екипа, а на нив им трбаше “нова крв“ затоа што секогаш треба д промовираат млади возачи, тоа е нивната работа. на крајот, по неколку денови, ја прифатив одлулата – откри дани.

Сезонава русинот останува со сестринската екипа која од 2020 година е преименувана во АлфаТаури, додела Алекс продолжува крај Макс Верстапен во Ред Бул.

возев само половина година со алекс, но уживав да работам со него, го велам ова најискрено. тој има многу лесен карактер, добра смисла за хумор, но само понекогаш.

многу е брз на патеката, но кога доаѓате во формула 1 имате некој дебитантски тек и се ви доаѓа некако лесно и во се изгледате успешно. мислам дека како што минуваат годините се повеќе ќе го открива овој свет.

има простор, беше дебитант лани и има шанса многу да научи и да се подобри. секако сметам дека има огромен потенцијал пред него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ