Квјат обвинува: Ред Бул ми забија нож во грб

Русинот Даниил Квјат откри дека се чувствува предадено од поранешниот работодавач, Ред Бул, откако го вратиле во Торо Росо за да направат место за Макс Верстапен во 2016 година.

Поранешниот Формула 1 возач одработе само три трки за екипата и во пресрет на Шпанското Гранд При беше вратен во Фаенца за да се направи место з 18-годишниот талент кој победи на истата трка и стана најмлад победник на Формула 1 Гранд При трка.

Квјат годинава ќе се трка во ВЕЦ серијата откако беше отпуштен од Торо Росо во 2018 година, но се врати следната, за да во 2020 година повторно биде отстранет.

се чувствував предадено во тој момент од страна на ред бул, како да ми забија нож во грб, но таков е животот, се случуваат такви работи и тоа е нормално.

но, сега тоа е зад мене, имам добра кариера во тркањето и благодарен сум на ред бул за можноста која ми ја дадоа, иако дел од мене сеуште не е задоволен од тој момент – изјави квјат.

Надвор од патеката, Даниил и Макс се поврзани затоа што сегашната девојка на Верстапен, Кели Пике, ќерка на Нелсон Пике, беше со Квјат од 2017 до 2019 година и заедно имаат ќерка, Пенелопе. Макс и Кели се заедно од 2021 година и живеат заедно во Монако, а со нив е и Пенелопе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ