Квјат одбил место во Ферари во 2016

Поранешниот Формула 1 возач, Даниил Квјат, тврди дека одбил шанса да се трка во Ферари и да го замени Кими Раиконен во 2016 година. 

Откако влезе во Формула 1 во 2014 година со Торо Росо, Квајт беше импресивен и брзо доби место во сениорскиот тим Ред Бул како замена за Фетел кој замина во Ферари.  Додека возеше за Ред Бул во првата сезона беше побавен од Данел Рикардо, а подоцна беше заменет од Макс Верстапен. 

Квјат тврди дека во тоа време добил понуда во Ферари да биде колега на Фетел.

Мислам дека бев доста добар. Имав подиум со тимот и во тоа време добив предлог да возам за Ферари како замена за Кими. Но, бев во тешка ситуација и се се распадна бидејќи не заминав во Ферари и бев деградиран во Торо Росо, нешто што не очекував – се присети русинот.

Со разнишана самодоверба, Квајт имаше лоши перформанси, само четири поени со Торо Росо и остана само уште една сезона во тимот. Подоцна тој беше резервен возач на Ферари во 2018 година. Зачудувачки тој доби втора шанса во Формула 1 уште еднаш во Торо Росо и беше колега со Алекс Албон. Подоцна во тимот дојде Пјер Гасли кој беше доста подобар од Квјат и русинот го загуби местото од јуниорот на Хонда, Јуки Тсунода. 

Ферари продолжи со Раиконен покрај Фетел до 2019 година кога беше заменет од Шарл Леклер. Сега тој ќе има деби во Формула Е на крајот на месецот со тимот Нио 333 за време на тестот во Берлин. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ