Квјат открива: За малку ќе се откажев од Ф1

Даниил Квјат откри дека неговиот прв тест за Ферари кон средина на 2018 година му ја вратила желбата да се трка во Формула 1 откако претходно беше отпуштен од програмата на Ред Бул.

Русинот влезе во врвната моторспорт тркачка серија преку Торо Росо во 20104 година, а уште следната година, според многумина прерано, го замени Себастијан Фетел во Ред Бул. Неговиот престој во Милтон Кинс траеше 23 трки пред на почетокот на 2016 година да биде вратен во Фаенца за да направи место за Макс Верстапен. Продолжи со Торо Росо од каде беше отпуштен кон средина на 2017 година.

Во 2018 година работеше како развоен возач за во симулаторот на Ферари, а одработе и тест со нивни болид на патеката ви Фиорано што ја вратило неговата желба за тркање.

почувствував дека имам многу недовршена работа во формула 1. преговарав за различни серии, но јас сакав единствено да возам во формула 1 и размислував да престанам со тркање доколку не си најдам место.

тестирав таа година актуелен болид на ферари во фиорано и тоа беше претерано емотивен момент со мене пред се затоа што беше ферари и беше фиорано, а болидот беше тековен и беше прекрасно.

до тогаш немав возено ништо на патека шест месеци и толку многу уживав и разбрав дека по секоја цена морам да се вратам во формула 1 затоа што тоа е тоа што сакам да го правам и во тоа сум најдобар – се потсети дани на минатото.

Тој потенцираше дека од работата крај Себастијан Фетел и Кими Раиконен во Фиорано собрал непроценливо искуство и знаење.

беше одлично само да се гледаат како тие работат, двајца светски шампиони со огромно искуство.

еднаш имав задача да гледам видео од камерата на себастијан, мислам дека беше тоа на трката во канада во 2018 година и да посочам што е различно. посочив дека може повеќе да “јавне“ на тротоарот од одредена кривина и тој се согласи со мене, го проба тоа следниот ден и веќе беше далеку подобро.

За минатата година тој се врати во Фаенца кај Торо Росо тимот кој за оваа сезоан се ребрендираше во АлфаТаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ