Квјат откри што е клучно за да се стигне Ред Бул

Даниил Квјат откри што е клучно за да се стигне Ред Бул во годините кои следат, откако смета дека на екипите им станало јасно дека треба да се ископира концептот на болидот од Милтон Кинс.

Русинотдобро го познава тимот откако шест години беше дел од нивното семејство и тоа од 2014 година до 2020 година. Но, неговата вклученост во Формула 1 заврши во 2021 година кога последен пат беше дел од тим, одработувајќи тест улога во Алпин, а сега вози ендјуранс серија во ЛМП2 класата

конечно тимовите сфатија дека единствен начин да се победи ред бул е да се ископира нивниот болид, едноставно е.

годинава, дефинитивно ред бул ќе останат доминантни, а можеби следната ќе почнат да бидат стигнувани, но годинава се премногу напред споредено со останатите – објасни квјат.

Дани препиша дел од доминацијата и на фантастичниот мотор на Хонда.

можеби кон крајот на годината кога развојот ќе достигне поголемо ниво, некој ќе им се доближи, но сега доминираат, а моторот на хонда е страшен и многу им помага, така што имаат се што е потребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ