Квјат си најде место во ВЕЦ

Поранешниот Формула 1 возач, русинот Даниил Квјат, ќе се трка во овогодиниот ендјуранс шампионат за легендарниот тим на Према.

Квјат ќе го подели времето во Орека ЛМП2 автомобилот со број 63 заедно со Мирко Бортолоти и Дориан Пин. Тој зад себе има 110 Гранд При трки за Торо Росо, АлфаТаури, но и Ред Бул, освојувајќи три подиуми. Патем, имаше работено и како тест возач на Ферари и Алоин по крајот на активната возачка кариера.

Лани русинот неколку пати се појави во Наскар, а за сезонава си обезбеди место во серијата на издржливост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ