Квјат ја смени националноста и ќе вози повторно

Даниил Квјат ќе се приклучи на Ламборџини во ВЕЦ серијата на издржливост и ИМСА американскиот шампионат сезоната која претстои.

Тој се тркаше под руско знаме во Формула 1, но годинава ќе вози со италијанска лиценца. Русинот доби дозвола да вози како италијанец откако живееше долго во Италија и беше тест и резерва во Ферари.

Квјат имаше обид да вози за рускиот тим Г Драјв, но поради инвазијата на Русија над Украина, тоа не се случи. Во моментов вози за Према ЛМП2 тимов во ВЕЦ.

Према е во сопственост на ДЦ Рејсинг Солушнс, кои се технички парнер за развој и програма на Ламборџини ЛМДх. На Квјат ќе му се придружат и Мирко Бортолоти, Андреа Калдарели и Роман Гросжан. Шефот на Ламборџини Скуадра Корсе, Џорџио Сана изјави:

Возбудени сме што му посакуваме добредојде на Даниил во Ламборџини и веруваме дека многу ќе ни помогне. Главната улога ќе му биде да работи со инженерите и механичарите на прототипот за наредната година и со неговото искуство во другите тркачки серии, мислам дека ќе игра клучна улога кај нас.

Квјат додаде:

Ламборџини е познат бренд кој има одлична историја во автомобилскиот свет и тоа што пораснав во Италија што е додатна гордост за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ