Квјат: 2019 беше една од моите најдобри сезони

Даниил Квјат смета дека 2019 година со Торо Росо му помогнала да стане подобар возач споредено со претходните сезони во неговата Формула 1 кариера.

Квјат беше промовиран во Ф1 од страна Ред Бул во 2014 година, година во која започна со Торо Росо, а потоа беше промовиран во Ред Бул во 2015 година. Таа година, русинот освои повеќе поени од Даниел Рикардо, но доби репутација дека често има несреќи во директните дуели со неговите ривали.

И покрај подиумот во Кина во 2016 година, Квјат беше испратен назад во Фаенца по три трки со Ред Бул, додека Макс Вератапен доби шанса и победи на првата трка со сениорската екипа. Во 2017 година Квјат беше отпуштен по Американското Гранд При.

При враќањето во Торо Росо во 2019 година се појави попаметен, посозреан возач чии најдобри перформанси беа пласман на подиумот во Германија, прв за екипата по Себастијан Фетел во 2008 година во Италија.

Се чувствувам многу задоволен. Ова е една од моите најдобри години во Формула 1, така што сум прилично среќен. Некои трки ви одат од полза, некои не, но така функционира средината, многу е тесно и некои грешки ве чинат добри можности.

Но има делови во нашиот спорт кои сите ги знаеме. Мислам дека оваа година бев подобар од претходните. Ова беше силна година за Торо Росо, можеби најдобар во историјата. Одлично е да се биде дел од сето ова. Мислам дека тимот имаше многу добри перформанси.

Од почетокот на годината, бевме постојани во поените и секогаш искористувавме можности, со стратегија, освојување на поени каде немавме шанси.

Ова е добар почеток за следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ