Кери за новиот Конкорд и улогата на Ферари

Сега веќе сите 10 тимови го имаат потпишано новиот Конкорд договор и се обврзаа за наредните пет години, но сепак, првиот човек на спортот, Чејс Кери, нема да ги тера да останат против своја волја.

Сите тимови потписници се уверени дека Кери нема да ги обврзува да го почитуваат договорот доколку некој тим реши да ја напушти Формула 1 во тој период.

Ова е петгодишен договор, но нема да ги форсираме тимовите да се тркаат доколку не го сакаат тоа. Мислам дека сите со нетрпение ја очекуваме иднината што е пред нас и имаме добра структура и правила за распределба на наградата и нови правила за болидите – појасни кери.

Парите беа голем дел од дискусијата на преговорите каде малите тимови бараат порамноправни буџети за да можат да бидат конкурентни. Кери смета дека со новиот договор ова е побалансирано.

Има детали кои мора да останат помеѓу нас и партнерите. Зборувавме директно и сега мислам дека делбата на наградата ќе биде побалансирана и секој тим ќе има шанса за подобар бизнис модел и конкурентност на патеката. Кога ќе се искомбинира тоа со лимитот на буџетот, мислам дека имаме подобри темели за успешен бизнис.

Новиот договор вклучува детали за лимитираниот буџет. Тимовите ќе имаат лимит од 145 милиони долари за следната година, а секоја наредна година ќе се намалува за 5 милиони долари. Кери се надева дека со намалениот буџет ќе има поздрава Формула 1.

Имавме проблем со тимови кои трошеа по три пати повеќе од други тимови во спортот и тоа правеше голема разлика за тоа дали може да се искачат на подиум. Сега правиме бизнис модел кој комбинира тим на здрави нозе и рамноправна распределба на награда, спонзорства и целиот раст на Формула 1.

Сепак има еден тим кој добива најмногу од сите, а тоа е Ферари. Скудерија го задржи правото на вето и правото на дополнителната награда.

Ферари е најстариот наш тим и мора да му се оддаде признание и поради тоа има посебни права. Ние продолжуваме да ја признаваме улогата на историскиот Ферари во ФОрмула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ