Кери најави: Нема да бидеме црвен крст за екипите и патеките

Првиот човек на Формула 1, Чејс Кери, откри дека организацијата нема да биде црвен крст и нема да поклонува и привилегира екипи, патеки или други партнери додека се решава кризата.

Спортот е во тешка позиција и е под засилен притисок и потреба од финансиска поддршка откако Ковид-19 кризата придонесе за откажување н првите 10 трки од календарот, по што секнаа и приходите кај екипите кои живеат од тркање.

Промотерите на трките секак одека очекуваат да не плаќаат поради тоа што ќе организираат трки зад затворени врати, без присуство на фанови, а телевизиите и спонзорите исто така сакаат нови договори, полесни за нив. Шпекулациите велат дека договорите за преноси од страна на телевизиите мора да бидат ревидирани доколку календарот има помалку од 15 трки.

без разлика дали се работи за некои екипи, промотери или спонзори, нема да бидеме добротвора организациај за никого. очекуваме фер третман, но сакаме да се договараме како возрасни и разумни луѓе со очекување дека 2021 година ќе биде вообичаена, а се ќе биде познато за неколку месеци – појасни американскиот шеф на формула 1.

Чејс појасни дека поради многуте непознаници, тешко е да се дефинира тркачки календар во моментов.

секако дека нити ние, нити екипите не очекуваме оваа тркачка сезона да ги имаме резултатите на кои се надевавме на почетокот, но сигурен сум дека сите прават се што можат за да го пребродат тоа.

во моментов многу работи се подобруваат, има многу не познаници и треба да се решат многу проблеми. треб да напредуваме во многу работи за да знаеме точно до каде сме, но очекуваме и екпите да превземат иницијатива.

Американецот призна дека е многу тешко да се поништат или ревидират цврстите и потпишани договорни обврски кои се на сила.

наградниот фонд се пресметува со договорна формула и поради тоа што е тука е. реално, не може да промениме многу кај него, но можеме да зафатиме поголем дел од профитот, но може истиот и да го намалиме.

не сме во бизнисот на раздавање работи, но се вклучуваме со нашите партнери за да најдеме правилен начин напред, начин кој ќе биде добар и исправен за сите.

Во врска со нови преговори со спонзорите кои нема да имаат цела Формула 1 сезона за рекламирање, Кери појасни:

работиме да го постигнеме тоа што нашите спонзори го очекуваат, а на крајот на денот односите со нив се долгорочни односи. ќе седнеме со партнерите и ќе најдеме правилен начин, задоволителен за двете страни, сакаме тие да се чувствуваат добро воврска со тоа што правиме, свесни за обврската да испорачаме вредност за нив.

За трките, без разлика дали се со публика или без, тој не очкува големи промени, но е свесен дек дури и да има гледачи на патеките, организацијата ќе има проблеми.

секако дека трка со гледачи е поблиску до вообичаена трка, но има различни случаи. јасно е дека ќе трпи продажбата на карти затоа што промотерите кои сеуште немаат откажано трки, иамат сопрено продажба на влезници поради несигурноста, а веројатно никој не ни купува карти во моментов.

дури и да има гледачи крај патеката, ќе има милион прашања во врска со нивната безбедност, така што и вообичаени трки нема да донесат многу приходи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ