Кери сака помлада публика

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, има своја мисија да го ревитализира спортот, да го направи подиверзифициран и еколошки и со сето тоа да привлече помлада пубилка. Овие негови цели се целосно спротивни на работата на Берни Еклстон кој често изјавуваше дека нема интерес кон помладата публика затоа што тие немаат пари да купат Ролекс, кој е еден од најголемите корпоративни спонзори на тркачката серија.

берни и екипата околу него заслужуват пофалба за се што направиле, но во последно време не правеа работи за да останат во тек со современиот свет и да ги максимизираат вредностите на тркачката серија.

постоеја аспекти од спортот на кои не им беше доволно постветувано внимание и мислам дека треба да вложиме повеќе енергија во тие работи. мораме да продолжиме да воведуваме свежа енергија и нови перспективи, во спротивно ако седиме мирни ќе почнеме да назадуваме или нема да имаме свежина во нашите настани.

ова е спорт и глобален бизнис позициониран за успех, уникатно нешто, но мислам дека постојат работи кои може да бидт посилно и подобро направени – појасни кери – изјави кери во своето интервју за yahoo sports.

Откако Либерти Медиа ја купија Формула 1 на крајот од 2016 година, американците се сконцентрираа на дигиталните плтформи со цел привлекување на нова публика, нешто што е целосно спротивно со начинот на работа на Господин Е.

се наоѓаме во период во кој треба да се привлекуваат фанови на начин на кој тоа не било правено порано, односно преку дигиталните и социјалните медиуми. луѓето денеска шетаат буквално со телевизори во џебовите и мора да им дадете материјал д продлжат да го прават тоа.

на тој начин се следи спортот, возачите и тимовите. сакаат д бидат поблиску до своите херои и тоа е одлична работа. луѓето сакаат да го следат спортот на начин на кој не бил следен порано.

Чејс призна дека нема намера да ги запостави постарите фанови и традиционалните методи на стигање до публиката и потврди дека телевизиската гледаност годинава пораснала 10% одоншто лани на 490,2 милиони гледачи и покрај фактот што преносите се насочуваат на платените телевизиски канали.

Вкупната гледаност на спортот на најсилнтие 20 пазари за Формула 1 е зголемена за 3% откако американците ја превзедоа серијата и во моментов изнесува 1,758 милијарди гледачи, додека следењето на профилите на софијалните медиуми е пораснато за 53,7% споредено со 20107 година.

мислам дека до сега го постигнавме тоа што го сакавме. оваа година беше сезона со голем раст во однос на гледаноста и бизнисот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ