Кеј благодарен на подршката од Мерцедес

Техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, ги пофали Мерцедес за подршката која ја добива од нив при адаптирање на моторот на Мерцедес во нивниот болид. 

Мекларен претходно имаше пропаднато партнерство со Хонда, а сега ги спојува силите со Мерцедес. По две сезони со Рено, тимот од Вокинг се придружува на клиентската листа покрај Астон Мартин, Вилијамс и фабричкиот тим. 

Иако болидите остануваат исти, сепак Мекларен ќе мора да прави промени за да го смести новиот мотор, а Џејмс Кеј признава дека тоа нема да е мал зафат. 

Ние сме во добра форма. Тука сме каде што очекувавме да бидеме и покрај некои одложувања. Нормално е што сакавме да почнеме порано.

Соработката со Мерцедес е фантастична и тие ни даваат огромна подршка во последните месеци. Мислам дека очекуваме да научиме како да го местиме моторот и некои делови – откри кеј.

И покрај промените на моторот, Мекалрен мора да направи промена на подот и други делови за да ја намали потисната сила и сето тоа со лимитираниот буџет. 

Сеуште се работи на тоа. Имавме голем проект како подготовка бидејќи доцна ги добивме правилата.

Промените на подот беа очигледни, сега има и мал дифузер и промена на задните сопирачки кои влијаат на дел од аеродинамиката на задните гуми, но ние не се откажуваме и правиме напредок во секој момент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ