Кеј: Мекларен ги идентификуваа слабостите

Мекларен ги идентификувале слабостите кои тие и тимовите од средината ги имаа во однос на водечките тимови во 2019 година и целат да ги поправат истите преку дизајнот на МЦЛ35, откри техничкиот шеф, Џејмс Кеј.

Новиот болид на Мекларен беше промовиран во Вокинг, а тимот кој заврши на четврто место минатата година, се надева дека ќе ја намалат разликата со Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Мора да имате цели пред вас, бидејќи мора да откриете што е потребно да ги постигнете. Една од тие е да се вратиме на врвот, но тоа е огромен чекор, споредено со каде сме сега. Да се постигне тоа во една година би било добредојдено, но тоа е огромен чекор. Има неколку цели кои се основани на тоа што го научивме минатата година, најдовме слабости кои сакавме да ги поправиме.

Видовме дека тие слабости беа прилично слични помеѓу тимовите со кои се натпреварувавме, во однос на големите три екипи. Разгледувавме повеќе такви области и направивме напредок во истите.

Мислам дека целите на среден рок се да ја одржиме нашата позиција и се надевам дека ќе ја намалиме и разликата. Ако сме во таа позиција, може да ја постигнеме реалната цел која ја поставивме – вели Кеј.

Кеј вели дека во развојот на МЦЛ34 минатата година тимот имал идеи кои не биле во можност да ги воведат поради ограничувања, како што е постоечката геометрија на суспензијата.

Разгледувавме нови концепти кои ги научивме од МЦЛ34. Така што променивме неколку области. Шасијата следи тренд кој го забележуваме се повеќе, со многу тесни надворешни отвори, а самото е вежба во пакувањето. Мора да планирате прилично рано за такви работи, бидејќи го вклучува и монтирањето на моторот.

Направивме нешто слично и со менувачката кутија, како дел од истата филозофија. Завршивме многу работа на задната суспензија, така што во задниот дел има многу поинаков пристап од претходно.

Исто така има и многу технологија, околу предниот дел, која беше возможна само со новиот болид. Има нови работи, но секупно е базирано на тоа што го научивме од минатата година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ