Киану Ривс ќе снима Ф1 документарец за Дизни Плус

Славниот актер и оскаровец, Киану Ривс, ќе снима документарна серија за Формула 1 која ќе се прикажува на Дизни Плус. 

Според гласините, серијата ќе се емитува наредната сезона, а главниот фокус ќе биде на Рос Браун кој имаше доста успех со повеќе тимови во текот на неговата кариера. 

Браун го превзема тимот Хонда кој ја освои титулата истата година и неговиот возач Џенсон Батон стана шампион. Тој претходно работеше со Бенетон и Ферари, а имаше една сезона со Мерцедес откако го продаде Браун ГП во 2010 година. Откако се откажа од Ф1 во 2014 година, тој се врати назад во 2017 година како оперативен и спортски шеф на Формула 1, откако Либерти Медиа ги купија комерцијалните права на тркачката серија. 

Ривс е познат по улогите на Нео во Матрикс и Џон Вик, а беше присутен на трката во Британија на почетокот на месецот. Се верува дека тој веќе имал неколку интервјуа со поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеземоло и возачите на Рос Браун, Џенсон Батон и Рубенс Баричело. 

Формула 1 има неверојатно успешна серија на Нетфликс, Drive to Survive, а Епл обезбеди права за Формула 1 филм со ѕвездата Бред Пит каде продуцент ќе биде Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ