Кими е еден од ретките пријатели на Биното

Матиа Биното откри дека Кими Раиконен е еден од ретките кои може да го нарече свој пријател од Формула 1 и дополни дека финецот многу ќе му недостига откако реши да се повлече од спортот.

Тимскиот шеф на Ферари работеше со финецот во шампионската за него 2007 година, а лани му беше последна сезона во спортот каде завршува со рекордни 349 трки азд себе.

многу долго време го познавам кими, мислам дека повеќе од 14 години. секогаш бил фантастичен и многу брз возач, така е и денеска, а згора на тоа е и фантастично момче, еден од ретките во падокто кои сметам дека ми се пријатели затоа што секогаш може да му се верува. многу го почитувам иако не зборува многу, но неговото однесување покажува дека е одличен човек и поради тоа ќе ни недостасува на сите во падокот – изјави биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ