Кими е нетрпелив да вози по новата патека

За големо чудо, Кими Раиконен откри дека е нетрпелив и возбуден што ќе може да вози по новата патека Џеда во Саудиска Арабија.

За некој со над 300 трки зад свеото име тоа не е мала работа особено што финецот оторки дека ќе се повлече од спортот по крајот на сезоната. Сепак, тој посочи дека има нешто инетресно во новата патека каде кругот ќе биде 80% под полна гас.

нетреплив сум и љубопитен да ја пробам новата патека и додека не возам нема да давам никакви прогнози. ќе биде интересно и не гледам причина зошто не би биле силни како што сме последните месеци. секако дека тоа што патеката е нова може да ни донесе поголеми шанси за добар резултат, но нашиот пристап нема да биде проазличен од било кој друг викенд – најави раиконен.

Фредерик Васур, шефот на тимот, има исто мислење како и својот возач во врска со претпоследната трка од сезоната и цели топ 10 пасман за својот тим и дополнителни поени во обидот да се стигне Вилијамс на 8то место кај конструкторите.

екипата е поготвена за последните две трки. саудиска арабија ќе биде чудна како и секоја нова патека која се појавува во календарот, но убедени сме дека знаеме и можеме да освоиме поени таму.

катар беше патека каде невме брзина и ритам кој го очекувавме и имавме по летната пауза, но знаеме дека на џеда можеме повторно да нападнеме и да се бориме за поени.

како и секогаш, ќе ни треба одлична и безгрешна работа уште од првата сесија во петок за да ги максимизираме шансите. кај нова патека секоја минута е клучна во прибирање информации за истата, за гумите и се наоколу.

Во моментов Алфа Ромео е на 9то место во шампионатот со 11 освоени поени во 20 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ