Кими и Алфа незагрижени од црвеното знаме

Кими Раиконен и Алфа Ромео немаат официјално објаснување за црвеното знаме кое го предизвика финецот за време на вториот тест ден, во кој патем постави најбрзо време, откако шпекулациите велеа дека останал без гориво.

Кими имаше одличен ден и возеше со ниско количество на гориво пред крајот на сесијата за да постави време за 25 стотинки побрзо од она на тогаш водечкиот Чеко Перез, но по се изгледа дека инженерите “промашиле“ во калкулациите за количеството гориво.

за мене овој прв тест ден беше добар и најважно беше што се работеше како што треба без никаков сериозен проблем. чувството во болидот веднаш беше позитивно, но сеуште е доста рано.

сеуште има многу, но направен е чекор споредено со лани. не знаеме во која насока ќе се движиме, но до сега е добро – појасни кими.

Тимскиот менаџер, Беат Зандер, потенцираше дека најбрзото време не значи ништо за тимот.

денеска беше уште еден важен ден тестирање со ц39, ден во кој можевме да покриеме добри километри без никакви проблеми. луѓето може ќе ги гледаат времињата, но тоа во моментов е неважно затоа што најбитно е да се фокусираме на податоците и да ги слушаме информациите од возачите.

имаме два денови непрекинато возење освен црвеното знаме и морам да кажам дека сме онаму каде што сакаме, но сеуште е рано и сеуште многу учиме за болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ