Кими не знае зошто фановите толку го сакаат

Кими Раиконен не разбира зошто е толку популарен помеѓу Формула 1 фановите, но претпоставува дека е поради тоа што е доста стар и по малку чуден.

Шампионот од 2007 година ја заврши кариерата со последната ланска трка и не најавува планови за тркање во иднина, единствено најавува дека сака да мине повеќе време со семејството. Во однос на своите години минати во спортот, тој стана еден од најомилените карактери поради својот успех на патеката и односот кон тркањето.

навистина не знам зошто фановите толку ме сакаат, можеби затоа што сум свој, затоа што сум доста стар и по малку чуден. за мене сум целосно нормален, но за луѓето од надвор, веројатно и не е така. јас сум ис секогаш, но ете, не сакаат – посочи финецот.

Кими посочи дека има свој став и се држи до него, не сакајќи да биде некој друг и да наликува на некој друг.

понекогаш треба да следите друг пат, повеќе на почетокот и тогаш е потешко зато што не сте свој, но мислам дека сите се откажаа од обидите да ме сменат. полесно е да кажат дека сум таков каков што сум и да ме остават на мира. среќен сум што сите сфатија каков сум затоа што така е полесно за сите.

Раиконен смета дека за него било многу полесно да го задржи својот имиџ со однесување како то му прилега, без да се преправа и без да глуми.

може да правите тоа што се бара од вас или да бидете оној кој сакаат да бидете, но јас мислам дека тоа не е добро и не е здраво на долг рок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ