Кими постави нов Формула 1 рекорд

Финецот Кими Раиконен има слаб старт на оваа сезона, но сепак на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија направи нов рекорд во спортот. 

Секако дека на последниот шампион со Ферари “му чуе“ за било како рекорд откако заврши на 16то место на третаа овосезонска трка, со заостаток од цел круг зад победникот.

Кими Раиконен стана возач со најмногу завршени трки зад себе вкупно 246, а зад него е Фернандо Алонсо. Нандо ќе се врати во Формула 1 наредната сезона со Рено и е закана за рекордот на Кими. 

Следна цел за Раиконен е рекордот на бразилецот Рубенс Баричело со 322 старта на Гранд При трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ