Кина добила понуда за две трки годинава

Шефовите на трката за Големата награда на Кина добиле понуда да одржат две трки оваа тркачка сезона, но сеуште размилсуваат дали да ја прифатат истата.

Календарот во моментов се состои само од 8 трки во Европа, а остатокот од сезоната уште не е финализиран. Несигурноста од пандемијата со Ковид-19 ги прави работите комплицирани и се размислува за повеќе трки во Европа, наместо прекуокеанските во Америка.

Трката во Кина беше закажана за почетокот од сезоната и беше прва која беше одложена уште пред почетокот на првенството. Во моментов се преговара кој датум за организација ќе ја добие трката на автодромот крај Шангај.

Спортскиот директор на Шангајската патека се надева дека градот ќе биде домаќин на трка наредната година и размислува за две трки оваа сезона. 

Интернационалните спортски организации се грижат за настаните во Кина и Шангај. покрај многуте промени поради пандемијата сеуште добиваме подршка.

Ќе ни биде дозволено да организираме настани во Шангај во вториот дел од годината зависно од пандемијата, Но сеуште нема одлука за две трки. Тоа е предложено од ФОМ. Формула 1 најавија дека ќе продолжат по првите 8 трки во Европа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ