Кина останува во календарот до 2025 година

Формула 1 шефовите го продолжија договорот за организација на Кинеското Гранд При во Шангај до 2025 година иако трката не е на календарот следната сезона.

Во 2020 година, Кина беше првата трка која се откажа поради корона вирус пандемијата, не се врати подоцна во текот на годината, а ја немаше ни оваа сезона. Во Кина сеуште се на сила рестрикциите за патување за да се контролира заразата, така што и следната година трката е испуштена од календарот.

Но и покрај отсуствата, Формула 1 е јасна во својата цел да остане присутна во најбројната држава во светот и поради тоа со организаторите и промотерите е договорено продолжување на соработката.

ова е одлична вест за сите наши фанови во кина и воодушевени сме што можеме да објавиме дека договорот за трка во шангај го продолжуваме д 2025 година. нашето партнерство со промотерот Juss Sports е неверојатно, силно и нетрпеливи сме да продолжиме во годините кои следат.

сите сме разочарани што трката не можеше да биде вклучена во календарот за следната година поради условите со пандемијата таму, кина ќе биде вратена во формула 1 штом условите го дозволат тоа – објасни стефано доменикали, првиот човек на спортот.

Првата трка во Шангај се одржа во 2004 година, а одтогаш популарноста на тркачката серија во земјата драстично се зголемува. Иако спортот е фокусиран на зголемување на присуството во Америка, свесни се и за важноста на азискиот пазар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ