Кинеското Гранд При неизвесно поради корона вирусот

Сомнежите околу одржување на Големата награда на Кина се се поголеми поради силното ширење на смртоносниот корона вирус.

Во моментов од заразниот вирус починаа над 100 лица, а низ светот се забележани 4.500 заразени со вирусот кој лесно се пренесува од едно на друго лице. Бритиш Ервејз веќе ги прекинаа летовите до и од континентална Кина, додека Австралија, Јапонија, Америка и Европската Унија исто така препорачуваат да не се патува.

Светското атлетско првенство во сала треба да се одржи во Нанџинг на почетокот од Март и тој настан е под закана за откажување, откако Британскиот тим веќе најави дека нема да учествува. Доколку вирусот продолжи да се шири со оваа стапка, Формула 1 трка во Кина дефинитивно нема да има.

вирусот сеуште се шири, тука нема сомнеж, а во кина има се повеќе случаи и се повеќе земји пријавуваат заразени. гледаме дека истиот се шири од еден на друг човек многу лесно надвор од вухан и тоа само значи дека ќе продолжи ширењето. нема да биде лесно.

овој проблем долго ќе го имаме, не е нешто што следната недела ќе исчезне и претстои многу работа за да се стави под контрола. што ќе се случи од сега до април е многу тешко да се предвиди, но ако инфекцијата се шири со ова темпо, не сум оптимист дек ќе има формула 1 трка – изјави доктор серџо брусин, висок експерт на европскиот центар за превентивна заштита и контрола во стокхолм.

Трката крај Шангај е закажана на 19 Април.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ