Клер Вилијамс: Новите инвестиции ќе ја заштитат иднината на тимот

Семејството Вилијамс е подготвено да ја предаде контролата на нивниот тим со цел да се осигура иднината на екипата, истакна заменикот тимски шеф, Клер Вилијамс.

Веста е голема промена на гордата екипа од Британија, основана од Сер Френк Вилијамс, кој стигна со серија на титули помеѓу 1980те и 1990те години. Тимот победи на 114 трки, но е последен во последните две години.

Вилијамс е семејство кое ја поставува Формула 1 на прво место. Нови инвестиции во овој период е во рамки на нашата филозофија, да ја заштитиме иднината на тимот, вработените. 

Целосно сум убедена дека ќе најдеме инвестиции. Имаме целосна финансиска поддршка до крајот на годината, да продолжиме да се тркаме. 

Френк сака да ја обезбеди иднината на тимот и разбира, се согласува, дека ова е вистински момент да најдеме нова инвестиција за да го постигнеме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ