Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо настанот на историското Монако во неделата. 

Леклер возеше бавен круг за да се загрее и веќе во третиот круг го загуби задниот дел на болидот 312Б3 на славниот Раскас свиок. Моначанецот го заби задниот дел во бериерите и го оштети задното крило. 

Според неговите гестикулации се чини дека имал проблем со педалите. Тој продолжи, но сепак застана подоцна застана на правецот со чад од задниот дел на болидот, додека Џеки Икс застана понатака со постариот 312Б болид. 

По настанот, Леклер и маршалите го разгледуваа болидот и тој зборуваше со Икс. 

Ги загубив сопирачките. Педалот за сопирање пропадна и снемав сопирачки. До тој момент беше добро, Не не можам да замислам дека секогаш во Монако имам лоша среќа и сега ги загубив сопирачките на Раскас со легендарен Ферари болид. 

Ова е втор болид од истата серија кој е скршен откако претходно Жан Алези минатата година го скрши при судар со Лотус 77 на Марко Вернер на правецот во Монако. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ