Клучните преговори околу спринт трките ќе се случат викендов

Формула 1 екипите ќе ги имаат клучните преговори околу пробно воведување на спринт трки овој викенд, а се чини дека финансиските детали се најголем проблем.

Моторспорт веќе пренесе дека најголем дел од проблемите кои се појавиле околу организација на таквит етрк на три настани годианва се решени, така што се финализираат деталите. “Камен на сопнување“ во моментов се дополнителните средства кои екипите ги бараат од ФОМ како трошок кој би направиле за време на тие три спринт трки, но и како премија за покривање на ризикот.

Формула 1 понудила покривање на сите штети кои би настанале за време на спринт трките, но големите екипи сакаат многу повеќе пари, речиси три пати од она што се нуди односно дополнителен околу 1 милион долари по екипа. Тоа барање нема поддршка од многумина затоа што се смета дека дополнителен милион омже да биде инвестирам во перформанси, а не согласно намената.

Договор сеуште нема, а Стефано Доменикали ќе одржи состанок со шефовите на Формула 1 екипите за да се изедначат мислењата. Ако е направен доволен напредок и постигнат консензус помеѓу екипите, тогаш Формула 1 може да одбере да се гласа по предлото уште викендов.

Доколку планот се оствари, тогаш ќе се тестира на Силверстон, во Монца и Интерлагос. Согласно првичниот план, во Петок ќе има квалификации кои ќе го одредат поредокот за саботната спринт трка која ќе биде 100 километри долга, а нејзиниот пак поредок ќе го дефинира стартот во недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ