Кои возачи би ги избрал Албон доколку е тимски шеф?

Алекс Албон е последниот возач кој одговори на популарното прашање во Формула 1 падокот, ставајќи се себе во улога на тимски шеф и притоа ја сподели својата идеална постава.

Алекс Албон сподели кого би избрал да вози за него од сегашниот Ф1 грид, ако тој беше тимски шеф и ако финансиите не се никаков проблем. Во неговата теоретска улога, првиот избор на Албон би бил Макс Верстапен, со кого се тркаше во Ред Бул во втората половина на 2019 година и 2020 година. Што се однесува до второто место, Ландо Норис би бил негов колега наместо Џорџ Расел за да нема тензија во тимот.

Да не требаше да размислувам за платите, дефинитивно би го земал Макс. Тој е исклучително талентиран и носи се со себе – изјави Албон за германското издание Auto Motor und Sport.

Гледајќи кон иднината, би избрал друг млад возач. Поради динамиката на тимот, изборот би бил Ландо. Тој добро се снаоѓа со Макс.

Макс и Џорџ, тоа веројатно би значело огномет во тимот.

Албон потоа беше прашан за разликите помеѓу помладите ѕвезди во спортот, додавајќи го Шарл Леклер од Ферари во комбинацијата.

Сите тие се на слично ниво, но со различно искуство. Макс има најмногу трки под својот појас. Тој е навикнат да се трка напред во врвен тим. Шарл исто така направи чекор напред оваа година.

Потоа тука е Џорџ, кој се бори со Луис Хамилтон. Тоа е многу импресивно, А потоа е Ландо, кој вози многу силно.

Запрашан дали е на исто ниво со гореспоменатата група во нивните јуниорски денови и дали сега се чувствува заглавен во Вилијамс, Албон одговори:

Тоа мора да го прифатите. Секој има шанса да се докаже. Мојата дојде многу рано во мојата кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ