Кои се најбогатите луѓе во Ф1 ?

7. Силас Чу, 2,7 милијарди долари, акционер на Рејсинг Поинт, 7 години, хонг-конг

Лоренс Строл е најпознат акционер на Рејсинг Поинт, но не и најбогат, затоа што тој епитет му припаѓа на текстилниот тајкун Силас Чу. Тој е еден од најмоќните луѓе во модниот свет со мрежа на фабрики, предилници и студија за дизајн низ Азија. Чу направил профит од 1,3 милијарди долари при продажбата на Мајкл Корс во 2014 година, а дополнителни 500 милиони долари при продажба на правата за брендот во Кина. Работи заедно со Строл од 1989 година кога заендо инвестирале во Томи Хилфигер.

6. Пиеро Ферари, 2,8 милијарди долари, акционер и потпретседател на Ферари, 73 години, италијанец

Пиеро е единствен жив син на легендарниот Енџо Ферари и има 10% удел во производителот Ферари и 13% удел во производителот на бродови Ферети. Мајка на Пиеро е Лина Ларди, љубовница на Енцо, а “стариот“ јавно не го признавал се до смртта на неговата сопруга во 1978 година. Пиеро работел во Ферари без никој да знае аз тоа неколку години, а ја наследил љубовта за инженеринг од неговиот татко во дивизијата за патнички спортски автомобили пред да мине во тркачкиот тим во 1970 година.

5. Берни Еклстон и семејството, 4,95 милијарди долари, почесен претседател на Ф1, 88 години, британец.

Берни Еклстон повеќе не е шеф на Формула 1, но останува еден од најбогатите кои се директно вклучени во тркачакта серија. Тој е син на тревкар, а работел од обичен трговец до сопственик на најголемиот дилер на автомобили во Велика Британија пред да се насочи во Формула 1.

Најпрво Берни работеше како менаџер на Стјуард Луис Еванс и Јохен Ринд пред да го превземе тимот на Брабам пред почеток на сезоната во 1972 година и многу бро стана сила во спортот. Сепак, потегот на животот го направи во 1984 година кога го смисли потпишувањето на првиот Конкорд договор, документ според кој сите екипи мораа д се тркаат, нешто што беше клучно во полесно продавање на правата за Формула 1 на телевизиите низ светот.

До 1995 година тој беше најплатен директор на светот со плата од 85 милиони долари, а на крајот на таа година превзема целосна контрола над комерцијалните права на спортот од ФИА. Годините потоа продаваше удели во својата компанија и на тој начин заработи повеќе од 4 милијарди долари, а за време на неговото раководење со спортот направи зделки со спонзори вредни над 25 милијарди долари.

Кога Либерти Медиа во 2017 година ги купи комерцијалните права за спортот од ЦВЦ Капитал, Еклстон продолжи како почесен претседател. За разлика од многу милијардери, тој нема екстравагантен живот, живтт во апартман над канцеларијата на Формула 1 и сеуште прима испорака на млеко пред врата како и секое британско семејство. Се зборува и дека проверува често кои светла горат “на празно“ во неговиот дом за да заштеди на електрична енергија.

4. Фин Раусинг, 6,4 милијарди долари, сопственик на Алфа Ромео, 63 години, швеѓанец

Фин Рауслинг е претседател на Бордот на компанијата Ислеро Инвестмент која е сопственик на Алфа Ромео Заубер како предводник на Конзорциум од богати швеѓани кои во 2016 година го купија тимот од Питер заубер и Мониша Килтенборн. Тој е дел од семејството кое ја поседува Тетра Лацал, најголемата и напојзната компанија за пакување на храна во светот, а богатството го генерираа со картонска амбалажа на преклопување која се користи за млеко и сокови. Раусинг порана во периодот кога швежанецот Џо Бониер се пробиваше во Формула 1 и од таму е неговата страст за спортот.

3. Џон Малоун, 8,4 милијарди долари, акционер и претседател на Либерти Медиа, 78 години, американец

Основач на Либерти Медиа, но Џон Малоун ретко се гледа во падокот и покрај тоа што неговата компанија во 2017 година ги купи комерцијалните права на Формула 1. Иако не е многу познат во тркачките кругови тој во Америка и тоа како е познат затоа што важи за најголем земјопоседник со земјиште од 9 илјади квадратни километри вклучително и 5% од државата Меин.

Неговиот пробим во медиумскиот свет беше во 1973 година кога го спаси американскиот телевизиски канал ТЦИ од банкрот, а осум години подоцна го претвори во најголемиот кабелски оператор во земјата. Во 1991 година ја основаше Либерти Медиа како дел од ТЦИ, но наскоро Либерти стана најважен дел од неговиот бизнис, а денеска освен во Формула 1, тој има акции и во Вирџин Медиа, АјТиВи и Трипадвајзор како и бејзбол тимот Атланта Брејвс.

Тој поседува и четири хотели и замок во Ирска, дом на неговит епредци како и многу анчови во Америка вклучително и имот од 1.200 квадратни километри во Њу Мексико. Во Америка го знаат и под името “Кабловскиот каубоец“.

2. Дитрих Матешич, 14,1 милијарди долари, сопственик на Ред Бул, 74 години, австриец

1. Чалерм Јовидхија и семејството, 22 милијарди долари, сопственик на Ред Бул, 68 години, тајланѓанец

Првото учество на Ред Бул во Формула 1 беше пред 03 години ког тогаш непознатиот енергетски пијалок беше личен спонзор на Герхард Бергер. Времињата се променија, а денеска компанијата продава 7 милијарди лименки низ светот така што основачите Матешич и Јовидхија се најбогатите луѓе во Формула 1.

Богатството на Јовидхија се проценува на 22 милијарди долари, но неговите роднини се побогатиот дел од пертнерството затоа што поседуваат 51% од Ред Бул и мнозински удел од продажбите на лукративниот кинески пазар, но фармацевтска компаија. Таткото на Чалерм, Чалео, бил човекот кој ја измислил рецептата за популарниот пијалок кој веднаш станал успешен во Тајланд.

Во 1987 година при една своја посета на Тајланд, Матешич го вкусил пијалокот на Чалео и му доставил план за продажба низ сетот. Двајцата првично имале по 49% од компанијата, а 2% му биле дадени на младиот Чалерм кој го наследил и уделот од татко му заедно со роднините по неговата смрт во 2012 година. Парите не го направиле семејството многу среќно затоа што синот на Чалерм, Ворајут, во моментов е на потерница од Интерпол поради сообраќајна несреќа од која избегал, а имала фатални последици.

Матешич е мозокот зад одличните маретинг промоции на Ред Бул и е многу познат за Формула 1 фановите. Поседув остров на Фиџи, огромна колекција на авиони изложени во познатиот Хангар 7 во Австрија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ