Кои се петте најскапо продадени болиди во историјата ?

Мекларенот со кој Луис Хамилтон победи на Турското Гранд При во 2010 година, моделот МП4-25А беше продаден за над 4,8 милиони фунти за време на Големата награда на Британија, но тој не е најскап Формула 1 болид продаден на аукција.

5. 1993 Мекларен МП4/8А, 3,6 милиони фунти во 2018 година

Шасијата број 6 на Мекларен МП4/9А е болидот со кој Аиртон Сена победи по редкорден 6ти пат низ легендарното Монако откако во Четврток на истиот викенд имаше силен судар со околу 160 кмч на Сант Девот.

Дури 25 години по таа трка, болидот беше понуден на аукција од страна на Bonhams во 2018 година и беше продаден за точно 3.606.198 фунти на аукција одржана во самото Кнежевство. Моторот е В8 Косворт Форд, а колекционерот го купил првично од Рон Денис во 2006 година и тоа бил прв Мекларен кој завршил во приватна колекција.

Сена се тркаше со истата шасија и во Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Белгија и Италија таа сезона и заврши на 2ро место во шампионатот зад Прост.

4. 2010 Мекларен МП4-25А, 4,8 милиони фунти во 2021 година

RM Sotheby’s го продадоа овој модел односно првата негова шасија за 4.836.000 фунти буквално во пресрет на првата спринт трка во Формула 1 историјата.

Болид на Луис Хамилтон никогаш до тогаш не бил понуден на аукција и овој пат постигна рекордна цена. Луис победи со таа шасија во Турција, но се тркаше со неа и до 2ро место во Кина, додека Џенсон Батон ја донесе до 3то место на финелето од сезоната во Абу Даби.

Болидот е целосно пдоготвен од тимот на Мекларен, така што повеќе од 100.000 гледачи го видоа како В8 моторот на Мерцедес вграден во легендарен болид од Вокинг демонстрира низ легендарната патека.

Победник на Гранд При трка со Михаел Шумахер во него, легендарен примерок. Ф2002 победи 15 пати, освои 11 пол позиции и имаше 15 најбрзи кругови во сезона со 19 трки, а продадена била шасијата број 219 за 6.643.750 милиони долари во 2019 година на Гранд При трката во Абу Даби.

Шасијата првично ја тестирал Рубенс Баричело во Барселона во 2002 година, а Шумахер ја однел до победи во Сан Марино, Австрија и Франција стигнувајќи до својата 5та титула на таа трка пред повторно да победи во Унгарија.

Без сомнеж еден од најуспешните Формула 1 болиди во историјата на спортот.

3. 2001 Ферари Ф2001, 5,5 милиони фунти во 2017 година

Претходникот на Ф2002 беше Ф2001, а продадениот примерок беше шасија врој 211. Првичните прогнози беа дека пакетот ќе се продаде за над 2 милиони долари, но се продаде за точно 7.504.000 долари на аукцијата на RM Sotheby’s  организирана во Њу Јорк во 2017 година. Михаел Шумахер победи во Унгарија и Монако токму со таа шасија откако ја тестираше во пресрет на сезоната, заедно со Лука Бадоер и Рубенс Баричело.

Исто како и при продажбата на Ф2002 и дел од оваа прогажба отиде во Keep Fighting фондацијата на Михаел Шумахер.

1. 1954 Мерцедес В196Р, 19,6 милиони фунти во 2013 година

Болидот со кој Хуан Маунел Фанџо ја освои својата втора од вкупно пет шампионски титули е најскап Формула 1 болид понуден на аукција која се случи во Јули 2013 година од страна на Bonhams. Аукцијата се случи на Гудвуд, британскиот фестивал на брзианта.

Точната цена платена за овој Мерцедес беше 29.650.095 долари односно 19.601.500 фунти, а за оваа цена се купува дел од Гранд При историјата. Продадена беше шасијата број 6 со која Фанџо победи во Германија и Швајцарија пред истата да ја вози неговиот колега Херман и да ја донесе до 4то место во Италија.

Болидот и симбол на влезот на Мерцедес во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ