Колин Коулс: Го донесоа Фетел за Строл да изгледа брзо

Поранешниот шеф на Форс Индија, Колин Коулс, верува дека доаѓањето на Себастијан Фетел во Астон Мартин е направено само за младиот Ленс Строл да изгледа брзо и конкурентно.

Четирикратниот шампион е критикуван во последно време поради тоа што не можеше да му парира на Шарл Леклер минатата година и има се послаби перформанси. Лоренс Строл е сопственик на Астон Мартин и се зборува дека неговиот син има посебен третман во тимот, откако Строл ги доби надградбите пред Фетел на Портимао, иако Фетел беше подобар од него на квалификациите. 

Фетел е донесен само за Ленс да изгледа добро. Строл сака да го направи син му светски шампион – смета коулс.

Дејвид Култард се согласува со Коулс и додаде:

Се прашувам дали се гради бренд, Не Астон Мартин туку Ленс Строл. Доколку го победи Фетел тогаш тој заслужува да биде шампион. 

Фетел во меѓувреме е самокритичен и не сака да ги слуша другите. 

Некогаш критиката е оправдана, а некогаш не. Не е важно што мислат луѓето надвор затоа Луѓето кои се близу до мене и до тимот, тие се најважни.

Критиката е нешто што треба да ме направи подобар. Во моментот кога излегувам од болидот знам дали имам добри или лоши чувства. Јас сум првиот кој суди. Луѓето ме судат и тоа е нормално. Јас се слушам себеси и најблиските. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ